Учениците од мектебот на џамијата во населбата Дреновец во Тетово, кои со голема посветеност ги подучува имамот и муалимот Луфтим еф. Деари, на 09 октомври 2026 година (петок) успешно го положија испитот за хатма, односно завршување на целосното читање на Чесниот Куран.
Испитот опфати проверка на читањето, учењето напамет, како и општите познавања од илмихалот. Испитната комисија ја сочинуваа референтите за образование при Муфтиството на Тетово, м-р Махмуд еф. Емини и м-р Џемил еф. Садики.
Муфтиството на Тетово им посакува на учениците многу успех на свеченоста за хатма, како и напредок и благослов во нивниот понатамошен пат на изучување на Куранот и верските знаења.
Свеченоста за хатма ќе се одржи на 18.10.2026 година (недела).







