По повод изборот на г. Аркин Јахији за градоначалник на Општина Брвеница, тетовскиот муфтија д-р хфз. Селвер еф. Џемаили, денес, придружуван од секретарот на Муфтиството Семир еф. Фазлији и шефот на кабинет Мухамед еф. Берзати, оствари официјална честитка-посета.
Бидејќи Општина Брвеница е една од шесте општини што припаѓаат на територијата на Муфтиството на ИВЗ – Тетово, соговорниците ја истакнаа важноста на меѓусебната соработка во служба на верниците и на сите граѓани.
На крајот од средбата, тетовскиот муфтија му посака на г. Аркин Јахији здравје, благосостојба и успех во раководењето со општината, изразувајќи уверување дека неговиот мандат ќе донесе добри дела и континуиран развој во корист на сите жители на Брвеница.
