Во просториите на џамијата Фирдеус во Тетово успешно се реализираше уште една хуманитарна акција за доброволно дарување крв, организирана од Муфтиството на ИВЗ – Тетово, Општинската организација на Црвениот крст – Тетово и Центарот за трансфузиона медицина во Тетово, на кои им благодариме за одличната соработка.
Посебна благодарност упатуваме до имамот на џамијата, м-р Флорент еф. Алили, џамискиот одбор и сите верници и неуморни волонтери кои учествуваа и го овозможија остварувањето на ова благородно хумано дело.
Акцијата се одржа денес, петок, 16 октомври, по џума-намазот (од 13:30 до 15:30 часот), покажувајќи ги уште еднаш солидарноста и хуманиот дух на нашиот град.
Бог нека ве награди сите за овој драгоцен придонес и нека ги излекува оние на кои им е потребно!




