Учениците од централната џамија во селото Нераште успешно го положија испитот за хатме на Куранот.

Учениците од мектебот на централната џамија во Нераште, кои со голема посветеност учат кај муалимот Ифрахим еф. Беќири, на 17 ноември 2026 година, вторник, успешно го положија испитот по повод завршувањето на целосното читање на Благородниот Куран.

Испитот опфаќаше проверка на читањето, учењето напамет и општите познавања од илмехалот. Испитната комисија ја сочинуваа референтите за образование при Муфтиството во Тетово, м-р Махмуд еф. Емини и м-р Џемил еф. Садики.

Муфтиството во Тетово им посакува на учениците многу успеси на свеченоста за хатме, како и напредок и бериќет во нивното понатамошно изучување на Куранот и верските знаења.

Свеченоста за хатме ќе се одржи на 22.11.2026 година, недела.