Денес, на 18.10.2026 година (недела), во џамијата во населбата Дреновец се одржа верска свеченост по повод завршувањето на читањето на Благородниот Куран – хатме од страна на учениците од мектебот кои посетуваат верска настава во оваа џамија кај муалимот, воедно и имам на џамијата, Луфтим еф. Деари.
На оваа манифестација, покрај џематот, присуствуваше и секретарот на Тетовското муфтиство, Семир еф. Фазлији, придружуван од неговите колеги, оџи од Муфтиството, гости и други присутни.
Во своето обраќање, секретарот Семир еф. Фазлији ги поздрави присутните во името на муфтијата на Тетовското муфтиство, д-р хфз. Селвер еф. Џемаили, нагласувајќи дека работата со учениците и нивното воспитување е најголемото наследство што еден родител може да им го остави на своите деца и дека тоа е еден од сунетите на Пратеникот.
Програмата ја водеше референтот на Муфтиството, м-р Махмуд еф. Емини, додека довата за хатме ја направи проф. д-р Беким Сулејмани.
На крајот од програмата, на муалимот Луфтим еф. Деари му беше доделена благодарница во знак на почит за сработеното, а на учениците кои го завршиле читањето на Благородниот Куран (хатме) им беа поделени дипломи.
Бог нека им подари на учениците успех и во иднина, а муалимот нека го благослови со Своите добрини!






























